(ФОТО) Куманово: Дамјановски отвори спортско игралиште во с. Орашац

Од:

Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски и претставници од локалната самоуправа, денес во подрачното основно училиште „Кочо Рацин“, во село Орашац свечено отворија спортско игралиште.

На пригодната свеченост Дамјановски истакна дека станува збор за терен кој што е од големо значење за училиштето, кое што брои 36 ученици.

oresac (2)

-Состојбата со финансиите на локалната самоуправа е позната, поради сите услови на владата. Не сме во можност целосно да ги исполнуваме нашите заложби, но сега може да се извршува наставата за физичко образование, како и да се рекреираат младите од овој крај – изјави градоначалникот и додаде дека ќе продолжат со реконструкции на училиштето.

oresac (3)

Игралиштето е во големина од 900 метри квадратни, а за истото се издвоени околу 22 илјади евра. Директор на училиштето, Драгиша Цветковиќ изрази благодарност и истакна дека овој спортски терен е од големо значење за учениците, но и за самото месно население.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на автопатот „Пријателство“ – удрил во паркирани автомобил и камион

Анита Петровска Рајковиќ

Прогласена епидемија на голема кашлица во Куманово

Катерина Ѓуровски

Дилер од Куманово со нож повредил полицаец

Горан Наумовски

19 годишник дивеел и кршел во полиција во Куманово, нападнал и полицаец

МВР: Приведени се разбојниците кои пукаа и ограбија кумановец

Дефект на трафостаница ги остави кумановци од центарот на градот без струја

Горан Наумовски