ФОТО: Куќа во центарот на Куманово, закана за граѓаните

Од:

Во самиот центар на Куманово, секојдневно паѓаат делови од фасадата и надворешниот ѕид на една стара трошна куќа, која се наоѓа на ул. „Илинденска“.

Жителите кои што мора да поминат покрај куќата, за да влезат во своите домови стравуваат дел од ѕидовите и кровот да не ги повредат.

-Ни прети опасност, бидејќи секој ден поминуваме тука, немаме друг влез. Освен што може да повреди човек, може да нанесе штета и на соседнава куќа. Пред три, четири години прв пат се сруши мал дел од куќата, по што сопствениците интервенираа – изјавија жителите.

Куќата долги години претставува опасност за жителите, но и за двете баби кои што се уште живеат во неа.

kumanovo-kukja1

Жителите пред две недели поднеле молба до Секторот за урбанизам и одделението за градежна инспекција, при Општина Куманово, но од таму се уште чекаат одговор.

-Градежната инспекција излезе, снимавме, меѓутоа не е наше да донесуваме одлуки, бидејќи куќата има сопственици. Доколку постои одредена опасност Секторот за урбанизам треба да ни достави елаборат, за да може да дејствуваме – изјавија од Одделението за градежна инспекција.

Загрижените жители побарале средба и со градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски, но вработените им рекле дека не може да ги прими, бидејќи е на пат.

kumanovo-kukja

Тие бараат надлежните да преземат некакви мерки или сопствениците да најдат начин и да ја санираат старата дотраена куќа, пред да се урне и да предизвика несакани последици.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Мајки нападнати од своите синови во кумановско

Кумановци петти ден се без вода за пиење, се чекаат резултатите од анализите

Катерина Ѓуровски

ЈОРСМ: Дадена наредба за обдукција на починатиот притвореник од Затвор Куманово

Сообраќајка на автопатот „Пријателство“ – удрил во паркирани автомобил и камион

Анита Петровска Рајковиќ

Прогласена епидемија на голема кашлица во Куманово

Катерина Ѓуровски

Дилер од Куманово со нож повредил полицаец

Горан Наумовски