(ФОТО) Катната гаража „Судска Палата“ – грандиозно фијаско

Од:

За изградбата на катната гаража „Судска Палата“ со 500 паркинг места потрошени се 5.635.000 евра, пари со кои можеше да се изгради стамбена зграда со најмалку 250 стана. Инвеститор на оваа катна гаража е општина Центар.

„Владимир Тодоровиќ како градоначалник одлучи половината од средствата за изградба на овој објект да се обезбедат преку комерцијален кредит, а другата половина од продажба на деловен и паркинг простор во истата. Иако имаше повеќе огласи, до денешен ден продаден се само еден деловен простор и едно паркинг место“, објави порталот centarnews.net.

garaza (3)

Екипа на порталот регистрирала дека влезот на паркингот е бесплатен, објектот има 15 нивоа, паркирани автомобили само на 3 нивоа, а останатиот дел од објектот е тотално празен. Ова, велат, е уште една промашена инвестиција на општината раководена од Тодоровиќ, затоа што од 1. јануари 2013 ратите за отплата на кредитот доспеваат и се исплаќаат од буџетот на општината, поточно од страна на граѓаните на општина Центар.

garaza (1)

„Тодоровиќ, свесен дека проектот „Судска Палата“ набрзо ќе доживее комерцијален фиаско, кон средината на ноемви итно реши да ја продаде парцелата на која е сместена Општина Центар за само 370 илјади евра. За овие пари приватен инвеститор се обврза да изгради деловно-комерцијален објект од кој 51% ќе припадне на Општина Центар. Во меѓу време општината привремено требаше да биде дислоцирана во деловниот простор „Судска Палата“.Се поставува прашање дали Тодоровиќ, сакајќи да го оправда комерцијалното фиаско наречено „Судска Палата“ донесе уште една катастрофално лоша одлука, а тоа е изградба на петнаесеткатница спроти Градскиот парк во срцето на „Дебар маало“. За среќа на граѓаните на Општина Центар, по притисокот извршен од опозицијата и граѓаните непосредно пред почетокот на последната седница, советот на општината одлуката за продажба ја стави во мирување, со што спречија бараките на општина Центар незаконски да се продадат и на нивно место да никне планираната петнаесеткатница. Во овој момент одржливоста на овој објект, чија цена на крај скапо ќе ја платат граѓаните на Општина Центар, сериозно е доведена во прашање. Недомаќинското работење на Градоначалникот Тодоровиќ кога се работи за туѓи пари е јасен доказ дека, за разлика од максимално профитабилното работење на приватната фирма ТИНЕКС (16 милиони евра профит за само 6 години власт), кога се во прашање парите на граѓаните газдата на Тинекс се однесува крајно расипнички“, пишува порталот.

Еве како изгледа катната гаража – повеќе слики.

Би можело да ве интересира

Се запали автомобил паркиран во гаража во Скопје

А1он

Гаражата на семејството Петковски засега безбедна од плановите на Јакимовски и Ристовски

Виктор Јованов

Наместо 29 метри висока катна гаража, Центар гради монтажна гаража на 1 спрат во Буњаковец

Во 2015 година повеќе паркиралишта

Емир Латифовиќ