Наместо 29 метри висока катна гаража, Центар гради монтажна гаража на 1 спрат во Буњаковец

Од:

Наместо кабаста конструкција од 29 метри и гаража на 8 спрата, како што одлучи претходното раководство и беше зацртано во ДУП-от, сега општина Центар, на истиот простор, гради монтажен јавен паркинг на 1 спрат.

Со ова се надминува стравот на жителите околу Трговскиот центар „Буњаковец “, дека со 8 спратна гаража нема да има нормално струење на воздухот. Двојно се зголемуваат паркинг местата од 48 на 104 местаи и гаражата ќе има површина од 1.850 метри. Сите жители од општина Центар кои имаат паркинг-налепница од ПОЦ, бесплатно ќе можат да ја користат оваа гаража.

Од новата монтажна гаража ќе имат бенефит жителите, но и персоналот и купувачите во Трговскиот Центар, бидејќи ќе се надмине хаосот со паркирањето. Во пресрет им се излегува и на граѓаните од соседните згради.

Имено, улицата „Владимир Полежановски” ќе стане еднонасочна, а тесното грло и сообраќајниот хаос ќе се реши со отстранување на паркиранг местата од улицата.

Монтажната гаража се гради од еколошки материјал. Станува збор за челична поцинкувна конструкција, составена од модули, информираат од општина Центар.

Би можело да ве интересира

Аларм за наезда од глодари во Центар: Живи и мртви, стаорци и глувци на паркинг кај основно училиште

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он