ФОТО: Каква историја крие Калето во Кичево

Од:

Кичевското Кале, кое е старо десетина векови, денес е оставено во милост и немилост на времето, без никаква инвестиција, реконструкција или истражување. Како ова да не е доволно,па Калето го бие и лош глас меѓу граѓаните како место каде што се собираат наркомани и алкохоличари.

kicevskoKALE (3)

Калето е поставено така, што од него можете да го видите целиот град и околните села. Од она што останало од него може да се види дека било многу мало, но исклучително добро изградено.

kicevskoKALE (4)

Во моментов од него е останата само една кула без врата, полна со ѓубре, ѕидови и урнати скали и половични споменици. Станува збор за седумте споменици што се наоѓаат во горниот дел, по искачувањето на скалите по кулата. Два од спомениците се обезглавени, од кои на едниот нема напишано ниту име, и три други со глави, но без имиња.

kicevskoKALE (5)

Пред неколку години блиску до Калето имаше ресторан, кој го држеше живо ова место, но денес од него останати се само ѕидовите.

kicevskoKALE (6)

Илми Велиу од Кичево, доктор по историски науки, вели:

„Јас имам поднесено барање до компетентните органи да се изберат архитекти од Македонија, од Албанија и од Косово за да се ископа и да се истражува Калето и да се открие на кое време му припаѓа. Барањето се одби и ми рекоа дека немаат доволни материјални средства за да се финансираат истражувањата. Кичевското Кале е оставено неистраженои тоа не е без причина.

kicevskoKALE (7)

– Некому му пречи да се знае вистината за Калето. Власта ги знаенеговите илирски корени, па затоа, и за време на комунизмот и денес, се попречува истражувањето“, вели Велиу, директор на Музејот во Кичево и професор по историја.

kicevskoKALE (8)

Овој простор е познат како Китино Кале и, според легендата, името го добил по Кита, сестрата на Крали Марко, која владеела на тие простори во негово име. Името е старо околу 700 години, а историските документи многу малку зборуваат за ова место.

kicevskoKALE (9)

Калето се наоѓа и на стари монети, кои датираат од  3,4 и 5 век и се наоѓаат во Археолошкиот музеј во Скопје.

За време на Отоманската империја на едната страна на Калето имало цивилизација од која потекнува денешниот град Кичево. Подоцна, во 1941, кога со општината управувач Ахмет Хаџи Садик на Калето бил поставенспоменик на Скендербег, отстранет 1945 година.

kicevskoKALE (10)

Според македонската историографија, пред него (1918-1941), на истото место бил поставен споменик на српскиот крал Петар I Караѓорѓевиќ, а по оној на Скендербег, бил поставен огромниот споменик на народниот херој од Кичево Олга Мицеска.

kicevskoKALE (1)

Денеска местото каде што биле поставени спомениците е прекриен со мермер и сè е изменето.Во последно време, албанското граѓанско општество презема иницијативи повторно да се постави споменикот на Скендербег на Калето.

kicevskoKALE (11)

Во април директорот на Заводот за заштита на културното наследство, Паско Кузман, најави дека за кратко време ќе почнат истражувањата на ова Кале за да се открие, конечно, дали тоа е или не е античкиот град Ускана.

Fatlume Dervishi

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска