ФОТО: Јани Макрадули и Љупчо Васовски во посета на семејства во Драчево

Од:

Кандидатите за градоначалници на Град Скопје, Јани Макрадули и кандидатот на Кисела Вода Љупчо Васовски вчера беа на посети на семејства во Драчево.

На првата средба во малата населба наречена  “Под станица” посетија семејство кое се соочува со проблем за легализација на имот.

Целото маало или поточно 150 куќи пред една година платиле по 9000 денати за изработка на елаборат кој го поднеле во општината за легализација на земјиштето но се уште немаат одговор од општината.

И покрај тоа што не успеале да го легализираат земјиштето и ако немаат одговор од општината секоја година плаќаат данок на имот по 800 денари.

На втората средба беше зборувано за Ромската декада, дека и покрај потпишувањето од страна на Македонија, владата се уште нема ништо помогнато во забрзувањето на процесот во подобрување на благосостојбата на Ромите преку нивно вклучување во процесите на одлучување во државата.

Би можело да ве интересира

Брвеница избира градоначалник

Горан Наумовски

Брвеница в недела избира градоначалник, денеска гласаат болните и изнемоштените

Шпанскиот премиер распиша предвремени парламентарни избори

А1он

Објавени првите резултати од изборите во БиХ и Република Српска: Кој води?

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ