Среде Атина, германскиот заменик-министер за труд Ханс Јоаким Фучел пред очите на грчката министерка за туризам Олга Кефалојанис, распослал географска карта во која Република Македонија е запишана под уставното име со оригиналната кратенка МК, објави Нетпрес.
Грчките медиуми, за ваквиот потег на претставникот на германската канцеларка Ангела Меркел, пишуваат дека ги изненадил присутните. Кефалојанис, според грчките медиуми, не реагирала поради, „фактот што високиот германски функционер направил провокација пред грчките владини функционери”, објави Нетпрес.