ФОТО: „Цврстата рака“ на инспекторатот во Охрид

Од:

Иако на почетокот на летната сезона, општинскиот инспекторат од Охрид најавуваше строги контроли и расчистување на гужвите во центарот на градот, нема ништо од тоа. Најавите дека повеќе нема да го има „панаѓурот“ на градскиот плоштад во Охрид, не се остварија. И годинава на површината на плоштадот беа распространети тезги за продажба на предмети, тезги за продажба на храна, фрижидери за сладоледи, пунктови за продажба на билети, пунктови за продажба на балони, сликари инт.

ohrid-ulici-navecer (2)

Исто така, охриѓани останаа покуси за реализација на ветувањата на Локалната самоуправа дека нема да се продава храна на отворено. Повторно, како и минатите години на многу локации во центарот на Охрид, вклучувајќи го и плоштадот може да се забележи како се продава неколку врсти на храна, од скара до крофни и пченки.

ohrid-ulici-navecer (3)

Во оваа летна туристичка сезона, во централното градско подрачје е забрането поставување на тезги на кои се продаваат пченки, крофни , печени кикирики , палачинки. Локалниот инспекторат ова лето нема да даде зелено светло и за скарите  поставени на отворен простор  пред угостителските објекти. Со тоа ќе се избегне грдата слика на зачаден воздух  во централното градско подрачје. Овој вид храна ќе се продава исклучиво во рестораните и сендвичарите, – истакнаа од Општина Охрид на општинската интернет страна на почетокот од летната сезона.

ohrid-ulici-navecer (4)

Зошто општинскиот инспекторат при Општина Охрид, кој најавуваше дека ќе работи во три смени оваа летна туристичка сезона не го отстрани сето она што ја нагрдува убавата сликата на Охрид? Каде е црвеното светло кое го најавуваше?

ohrid-ulici-navecer (5)

Иако ВМРО – ДПМНЕ, додека беше во опозиција во Охрид, категорично се противеше на ваквите објекти, ништо не се смени ниту откако ја презедоа локалната власт.

Ф.Ј.

 

 

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице

Охрид SOS со барање до Министерството за култура за итна привремена заштита на заштитена куќа во градот

Горан Наумовски

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра

Мртов маж е пронајден во стан во Охрид

(ВИДЕО) За „влакно“ избегната трагедија во Охрид: Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете

Горан Наумовски