ФОТО: Битолската СДСМ поблизу до граѓаните!

Од:

Блискоста со граѓаните и овозможување на ефикасна секојдневна комуникација, претставува императив за СДСМ.

Токму затоа ОО на СДСМ Битола започна со реализација на идејата „СДСМ поблизу до граѓаните“, секојдневно отворајќи партиски штабови во секоја Месна Заедница.

На официјалното отворање на штабовите, пред голем број на граѓани, членови и симпатизери, привилегијата да се обрати ја има кандидатот за градоначалник на општина Битола, Менде Диневски кој во своите говори ја претставува актуелната ситуација во Битола, но и неговатавизија, содржана од идеите, мерките и проектитекои од овој град ќе направат поубаво место за живеење.

Во последните неколку дена отворени се штабови во Месните Заедници „Вангел Мајоро“, „Стив Наумов“ с. Кукуречани, а денес и во наредните денови ќе бидат отворени штабовите во с. Бистрица, МЗ „Даме Груев, с. Долно Оризари, МЗ „Борис Бастеро“, „Коле Лачето“.

На задоволство и барање на граѓаните, во наредниот период месни штабови ќе бидат отворени во скоро секое населено место во општина Битола.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

“Кориолан“ на Битолски театар на магичната сцена на Бутринт, Албанија награден со стоечки овации

Во битолскиот Архив пронајдени нови фотографии на Кемал Ататурк снимени од браќата Манаки