ФОТО: Арсовска ја промовираше Нова Алтернатива, меѓу гостите и Зечевиќ

Од:

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска ја промовираше политичката партија Нова Алтернатива, чиј претседател отсега ќе биде токму Арсовска. Таа вели дека по три децении, просперитетот во Македонија е само збор употребуван во политичка кампања.

„Исклучително сум горда што не припаѓам на овој корумпиран естаблишмент, а од друга страна припаѓам на оние што знаат како да ги исправат работите. Стојам пред вас со нашата Нова Алтернатива. Политиката не смее да биде извор на раздор и поделби, туку мост за соединување. Политичарите живеат во благосостојба, договорени за спас од криминалот. Сметам дека е доста од ова лицемерие“, рече Арсовска на промовирањето на партијата.

Меѓу гостите од политичките партии дојде и генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, а присутни се и гости, членови на новата партија. Во првите редови пак, може да се забележат нејзините сопруг и син.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски