ВИДЕО: Ахмети на средба со Коѕијас

Од:

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас попладнево во Собранието на Република Македонија се сретна и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Коѕијас е во дводневна посета на Македонија, а пред средбата со Ахмети се сретна со министерот за надворешни работи Никола Димитров, премиерот Зоран Заев, како и со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Коѕијас на средбите со Заев и Димитров изрази задоволство од досегашниот напредок во решавање на спорот со името. Конкретно на оваа тема двајцата министри за надворешни работи ќе расправаат на 30 март во Виена каде ќе остварат заедничка средба со медијаторот Метју Нимиц кој од двата нацрт предлози на Грција и Македонија за името треба да направи еден, прифатлив за двете страни.

Според агендата на грчкиот министер по средбата со Али Ахмети, тој ќе се сретне и со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Вреди: ДУИ игра опасна игра со безбедноста на граѓаните

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он