Форум на жени на ЛДП: Сочувствуваме со трагедијата на починатата родилка од Тетово

Од:

„Форумот на жени при Либерално-демократската партија изразува длабоко сочувство до семејството на починатата родилка од Тетово.

Целосно е неприфатливо во денешни услови, еден детски живот да започне без да ја почувствува мајчинската прегратка.

Крајно нехумано и срамно е да згасне животот на една млада жена поради незнаење, лоши услови и грешки во здравствениот систем.

Лицемерен би бил било каков изговор, бидејќи јавното здравство во Република Македонија подолг период наназад бележи низа порази, кои за жал, чинат човечки животи.

Од етички причини и од почит кон семејството на родилката, во ова соопштение не го повикуваме на одговорност Министерот за здравство, Никола Тодоров.

Но, без одложување, темелно и одговорно, бараме Министерството за здравство
сериозно да се зафати со подобрување на условите во родилиштата низ целата држава, како за родилките, така и за новороденчињата.

Изразуваме жалење што како женска организација, наместо да се залагаме со унапредувањето на положбата на жените во општеството, поразително, се соочуваме со недостаток на елементарни човекови права на сите нивоа  во општествениот систем“, се вели во соопштението на Форумот на жени при Либерално-демократската партија.

Би можело да ве интересира

ЛДП за случајот со Ива Михајлова: Дали да го укинеме судството, кога институциите и онака не функционираат?

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

ЛДП бара Владата да се огради од глорификацијата на Ратко Младиќ: „Нема место за величење на осудени за геноцид“