Формирана работна група која треба да открие зошто Скопје остана без струја во неделата

Од:

Од АД МЕПСО информираат дека по испадот во напонската мрежа што се случи на 13 февруари, е формирана работна група составена од стручни лица вработени во компанијата со единствена задача да ги лоцира причините за прекинот во снабдувањето со електрична енергија поради кој неколку општини во Скопје, делови од Велес и овчеполието, 40-тина минути беа без напојување.

„Во оваа прилика сакаме да дадеме неколку технички детали околу настанатиот испад во насока на тоа да се добие појасна слика за тоа како се случи дефектот во Бунарџик кој потоа се префрли и во трафостаницата во Пинтија.

Како што информиравме и во неделата, до прекин со напојување на поголем дел од градот Скопје, дојде како резултат на исклучување на двата енергетски трансформатори во трансформаторската станица “Скопје 4”, како последица на дефект кој се појави на изолаторска верига на 110 kV далекувод кој ја напојува трафостаницата “Бунарџик” преку трансформаторската станица “Скопје 4”. Во оваа прилика појаснуваме дека во нормални услови кога настанува дефект на далекувод, за изолирање на настанатата грешка, заштитата и прекинувачот го исклучуваат далекуводот на кој се појавува дефектот, со што без напојување остануваат само потрошувачите кои се врзани на трафостаницата напојувана од конкретниот далекувод.

Во неделата, во моментот на дефектот, поради грешка во секундарните кругови за напојување на опремата во ТС “Скопје 4”, се случи неселективност и за само 0.9 секунди проработија системските заштити во околните трафостаници на 110 kV напонско ниво а за 2,5 секунди се активираа заштитите на 400/110 kV трансформатори во ТС “Скопје 4”. На овој начин се дава налог до прекинувачите да ги исклучат двата енергетски 400/110kV трансформатори, преку кои се напојува најголем дел од Скопје и околината. Во согласност со процедурата при дефект, дежурните екипи од АД МЕПСО веднаш извршија проверки и прегледи во ТС “Скопје 4”, и во координација со Националниот Диспечерски центар при АД МЕПСО, започнаа постапка за вклучување на елементите од мрежата. Со напорна работа тие успеаја за еден час да воспостават напонска состојба и да се нормализира напојувањето на градот и околонита.

Паралено со активностите кои се вршеа во ТС “Скопје 4”, далекуводните екипи на АД МЕПСО до доцните ноќни часови работеа на отстранување на дефектот на далекуводот 145/1 ТС Скопје 4-ТС Бунарџик, со цел жителите на Бунарџик како и индиструската зона, да добијат напојување со електрична енергија. Во 03:35 часот, далекуводот 145/1 од ТС Скопје 4 до ТС Бунарџик беше поправен и вклучен под напон, со што се нормализираше напојувањето и на ТС Бунарџик.

Она што и во оваа прилика сакаме да го потенцираме е дека технички проблеми на електромрежата од секаков тип можат да се случат секаде и во секој дел од денот и најважно во таквите моменти е што побрзо да се стабилизира системот а граѓаните и стопанството да бидат снабдени со електрична енергија. Работната група работи интензивно на терен и веднаш по добивањето на прелиминарните сознанија ќе ги споделиме со јавноста“, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Дефект на трафостаница ги остави кумановци од центарот на градот без струја

Горан Наумовски

Повторно активна веб страницата на МЕПСО по кибер нападот

Четири лица нападнале и тешко повредиле скопјанец

А1он