Формирана Левица – нова политичка партија

Од:

Левичарските активисти, од движењата „Ленка“ и „Солидарност“, членови на Комунистичката партија на Македонија, синдикалци, активисти и поединци левичари ја формираа новата политичка партија Левица.

Во ситуација на хронична сиромаштија и огромни класни разлики, во ситуација на квази-демократија, кога народот е незадоволен од постоечките партии и кога се појавуваат само нови партии од стари политичари, го објавуваме формирањето на Левица, нова партија, со нови лица, со нови идеи, велат од Левица.

Левичарите велат дека повеќе нема да дозволат работниците, сиромашните и обесправените да немаат за кого да гласаат и на овие избори.

Нема да дозволиме и на овие избори работниците, сиромашните и обесправените да немаат опција за кого ќе гласаат. Богатите имаат десет и повеќе партии, сиромашните и обесправените немаат ниту една. Не мислиме да ги оставиме улиците, нема да престанеме да протестираме против неправдите, но не им го оставаме Парламентот. Крајно време е во него да се слушне гласот на народот, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Владата на ДПМНЕ го претвора домувањето во извор на профит за странски фондови

Горан Наумовски

Мојсоска: Министре Алиу, болните од хемофилија чекаат на вашата милост да распишете тендер за лек

А1он

Апасиев: Левица стана снајперист за корумпираните – ќе и поднесе кривична на „антикорупционерката“ Цвета Ристовска

А1он

Левица: Манипулациите од типот „жена, мајка, крaлица“ не ја перат Дафина

А1он

Левица: Оставката на Ристовска не е личен чин туку признание по изнесените скандали од страна на Левица

Горан Наумовски

Левицата: Радикално кратење на земјоделските субвенции

Горан Наумовски