Формирана е работната група за измени на Изборниот законик

Од:

Во Изборниот законик ќе бидат вградени сите измени во однос на моделот на изборите за коишто ќе постигнеме консензус, изјави на денешната прес-конференција министерот за правда Бојан Маричиќ, одговарајќи на новинарско прашање дали во измените ќе се најде и една изборна единица.

Тој посочи дека е формирана работната група за Изборниот законик и дека сите партии номинирале свои претставници, како и поважните институции и претставници на меѓународната заедница.

– На овој начин отвораме процес којшто ќе трае неколку месеци и во коишто ќе се дискутираат и прашањата поврзани со изборниот модел, но и други прашања поврзани со изборниот процес, а пред се се однесуваат на препораките од ОБСЕ/ОДИХР, изјави Маричиќ.

Имаше повеќе идеи, рече тој, вклучувајќи ја и едната изборна единица кои беа промовирани уште пред парламентарните избори, меѓутоа сега откако е формирана работната група за Изборниот законик ќе се влезе во сериозни разговори.

– Дали ќе успееме да постигнеме согласност на партиите за една изборна единица ќе видиме од процесот. Мислам дека е вредно да се разговара за сите идеи и вредно е да видиме што е тоа што ќе ја унапреди демократијата, изјави Маричиќ.

Основна цел, продолжи тој, е да се унапреди демократијата, граѓаните да го чувствуваат изборниот процес поблизок и на тој начин да ги мотивираме повеќе и почесто и поангажирано да учествуваат и во политичкиот живот и во изборниот процес.

Во однос на измените на Кривичниот законик, најави дека има два процеси – донесување на релативно брзи измени коишто би предвиделе имплементација на одредени стандарди поврзани со Истанбулската конвенција и поврзани со Законот за насилство врз жените, како брзи измени и стандардите поврзани со поголема и повисока заштита на новинарите и евентуално други поситни измени коишто се однесуваат на спроведување на пресуди од Судот за човекови права.

– Овие прашања на конфискација на имот по системски промени или зајакнување на правилата за конфискација би нашле свое место во оној долгорочен процес којшто би требало да трае во текот на наредната година или до средина на наредната година или до крајот на 2021 зависно од динамиката да го донесеме новиот кривичен законик во којшто ќе ги вградиме сите овие прашања, изјави Маричиќ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

Мицкоски не е оптимист за Изборниот законик, ги нарече опозитиските политичари неодговорни и незрели

Рокас: Се надевам дека денеска ќе се постигне консензус за измените на Изборниот законик

Катерина Ѓуровски

Одложена координативната средба на опозициските партии околу Изборниот законик, поради неприсуство на СДСМ

СДСМ нема да учествува на средбата за Изборниот законик што ја иницира Левица

Катерина Ѓуровски

Левица иницира средба на опозициските партии за договор за Изборниот законик

Катерина Ѓуровски