Фонтани во Куманово потрошиле 30.000 метри кубни вода

Од:

Седум фонтани во централното градско подрачје во Куманово потрошиле 30 илјади кубни метри вода во периодот од март до ноември лани.

Од јавното претпријатие „Водовод“ во Куманово информираат дека оваа вода се смета како загуба.

– Оваа вода не се фактурира и се води како загуба на ЈП „Водовод“, бидејќи согласно законот за методологија на тарифа за цена на вода, секое количество на потрошена вода ќе влегува во цена која што ќе мора да ја плаќа граѓанинот, појаснува директорот на ЈП „Водовод“, Горан Стојковски.

Претпријатието ќе побара општина Куманово да го преземе фактурирањето на овие количини вода за да нема зголемување на цената на водата кај физичките и правните лица.

На подрачјето на Куманово има 17 фонтани од кои дел се нефункционални, а дел сопственост на месното население. Минатата година во текот на летото беа поставени водомери на фонтаните така што претпријатието има податоци за потрошените количини на вода.

Директорот на „Водовод“ апелираше до граѓаните совесно да се однесуваат кон јавните чешми затоа што екипите на претпријатието секојдневно интервенираат и ги чистат одводните канали од смет којшто се фрла во и околу фонтаните.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе