Фонд за здравство: Осигурениците можат да користат електронски и услуги по телефон

Од:

Пациентите ќе можат да ги добијат потребните здравствени услуги и преку телефон, така што осигуреното лице ќе нема потреба да доаѓа во ФЗО за отворање ново боледување, ниту за продолжување на боледувањето, туку треба да се јави телефонски кај матичниот лекар. Матичниот лекар може да издаде боледување до 14 дена (наместо до седум дена) без да се придржува на критериумите за дијагностички постапки и оцена на привремена спреченост за работа поради болест и повреда. Боледувања за респираторни заболувања (JОО-99) матичниот лекар ќе може да ги отвори – продолжи и по истекот на 14 дена, односно, до завршување на мерките за спречување на заразата, соопшти денеска Фондот за здравствено осигурување на РСМ.

Од Фондот посочија дека преземаат времени мерки со кои ќе им ги олеснат услугите на осигурениците. Мерките ќе бидат во сила се додека траат времените мерки што ги донесе Владата за спречување на ширење и сузбивање на корона вирусот, а во интерес на заштита на здравјето на граѓаните.

– Примарната цел на овие мерки е да се растовари примарното здравство од одредени административни процедури, но и да се сведе само на оние кои се од итен и неодложен карактер. Со тоа, ФЗОРСМ цени дека, во оваа крајно сериозна состојба во која, покрај останатите земји во соседството, Европа и светот, се најде и нашата држава, примарното здравство ќе може ефикасно да им ги пружи неопходните здравствени услуги на пациентите на кои тие им се најмногу потребни, истакнаа од Фондот.

Оттаму потенцираат дека во интерес на безбедноста на граѓаните на целата држава е да се минимизира непотребниот контакт меѓу матичните лекари и пациентите, кои треба да се обраќаат на лекар само кога тоа е навистина неопходно.

– Кога матичниот лекар поради болест или изолација не е на работното место, здравствените услуги ги пружа лекарот замена. Во случај кога во изолација се наоѓа и лекарот замена, Фондот ќе овозможи без ограничување назначување на втор лекар, а по потреба и друга замена, е една од мерките.

Од Фондот наведоа дека матичниот лекар може да издаде рецепт за хронична терапија и во случај кога препораката од специјалистот/отпусно писмо е постара од една година. Рецепти за хроничната терапија матичниот лекар да издава за шест месеци.

– Поради спречување на ширење на Коронавирусот здравствените установи од дејноста специјалистичко-консултативна здравствена заштита и општа стоматологија треба да пружаат здравствени услуги само во итни случаи, велат од Фондот.

Од ФЗОРСМ посочија дека издавањето и заверката на ортопедските помагала ќе ја вршат матичните лекари, односно лекари – специјалисти. Осигурените лица не треба да доаѓаат во подрачните служби на Фондот за заверка на потврдата. Заверената потврда, Фондот по службена должност, ќе ја доставува по пошта на адреса на живеење на осигуреното лице.

– Oсигурениците кои треба да ги реализираат решенијата (кои се со важност од два месеци) за остварување на правото на специјализирана медицинска рехабилитација, ќе може да ја продолжат и по престанок на времената мерка. Осигурените лица кои се веќе на рехабилитација, доколку имаат потреба да ја прекинат, истата може да се продолжи за толку денови колку што преостанале согласно деновите одобрени во решението. Ако осигуреното лице ја прекине специјализираната медицинска рехабилитација ќе има право, по завршувањето на времената мерка, да ја продолжи истата за онолку денови колку што преостанале согласно решението, образложија од Фондот.

Препорака на Фондот за сите осигуреници, во прва инстанца, наместо да дојдат во подрачните или централната служба на Фондот, да се обратат за кои било прашања на [email protected], како и за прашања поврзани со лекови на [email protected]

Правата од здравственото осигурување не застаруваат за пет години. Поради тоа, Фондот апелира осигурените лица за време на важење на мерките да не го загрозуваат своето  и здравјето на другите со доаѓање во просториите на подрачните служби и централната служба на Фондот. Исклучок претставува регулирање на здравственото осигурување, доколку не може да се заврши по електронски пат, или кога се работи за итни и неодложни потреби како што е поведување постапка за лекување во странство, напоменаат од Фондот. Препорака на Фондот за сите здравствени установи, во прва инстанца, наместо да дојдат во подрачните или централната служба на Фондот, да се обратат по мејл за кои било прашања на [email protected].

Би можело да ве интересира

Андоновски: Неделава ќе ја почнеме иницијативата за законските измени на ФЗОР случајот со Леонид не е единствен

Случајот со Леонид ги откри сите слабости на Фондот: Се кратат пари за лекување и за операции на срце во приватните клиники

Орце Костов

Се прекинува штрајкот во ФЗОМ – платите исти до мај

Да не се лаже дека Фондот за здравство нема пари, тоа е институција со најголем буџет порачуваат синдикалците

Катерина Ѓуровски

Меџити: ФЗОМ побара 2,9 милијарди денари за нови лекови на позитивна листа за следната година

За Ковачевски, директорката на ФЗО била добар избор затоа што решила хакерски напад за само 14 дена

Орце Костов