Фонд за здравство: Казните за матичните лекари не може да се повлечат, законски се

Од:

По апелот на Лекарската комора да се повлечат казните за матичните лекари, Фондот за здравствено осигурување вели дека казните се законски и повлекување не може да има. Од таму објаснуваат дека казните кои во овој период ги добиваат матичните лекари се однесуваат за извршени контроли и констатирани повреди на договорните обврски од 2019 година, пред пандемијата на коронавирус.

„Фондот не може да ги повлече договорните казни поради тоа што истите се регулирани согласно член 70 став 3 од Законот за здравствено осигурување. Посебно истакнуваме дека избраните лекари работат со Фондот, согласно склучениот договор, каде таксативно се наведени и казнените одредби за непочитување на истиот. Тоа значи дека секој избран лекар точно знае на што треба да внимава за да не го прекрши договорот. За секое свесно непочитување на договорот, лекарот однапред знае каква казна може да изрече Фондот“, изјавија од Фондот за „А1он“.

Изминатиот период, од Фондот тврдат дека овозможиле низа олеснувања на казнената политика за здравствените установи, односно во текот на 2019 година со склучување анекс на договорите драстично ги намалиле договорните казни, вовеле мораториум за казнување во периодот од 01.01.2019 година до 30.06.2019 година, во 2020 година значително ги намалиле контролите за да им се излезе во пресрет на лекарите кои се справуваат со пандемијата, комисиите работеле транспарентно со учество на претставници од коморите со право на глас и при разгледување на записниците од контролите секогаш ја изрекувале помалата договорна казна за периодот кога важеле два договора.

Од Фондот сметаат дека не е точно тврдењето дека избраните лекари не се мотивирани.

„Напротив во 2020 и 2021 година, Фондот за време на траење на пандемијата со COVID 19, во континуитет исплатува средства за реализирани превентивни прегледи во износ од 30% од капитацијата, иако истите не ги реализирале, се со цел да се заштитат осигурениците и избраните лекари од дополнителни контакти. Ако ова се пресмета во пари, произлегува дека од сите медицински лица што беа активно вклучени во справувањето со пандемијата, највеќе се наградени избраните лекари“, велат од Фондот.

Лекарската комора вчера побара Фондот да ги повлече казните за матичните лекари за пропишување рецепти по специјалистички извештаи со истечен рок и за проблемот да најде решение кое ќе биде прифатливо за сите договорни страни.

Многумина од казнетите матични лекари веќе ги платиле казните кои изнесуваат од 15.000 – 75.000 денари, но остануваат на ставот дека незадоволството треба да го изразат на штрајк.

Би можело да ве интересира

Фонд за здравствено осигурување: Пациентите можат да се лекуваат непречено, се справуваме со сајбер напад

Ана Ололовска

Филиповска – Грашкоска од Инспекцискиот совет заминува во Фондот за здравствено осигурување

А1он

Лекарите и пациентите нервозни, Фондот не гледа проблем: И по неколку недели се чека комисиите да продолжат боледување

Кристијан Ландов

Казни имаат околу 1000 матични лекари, Фондот нема да ги избрише, но го намалиле износот

Маја Илиевска-Пачемска

Ќе се работи на ревидирање на цените на здравствените услуги на специјалистите стоматолози

А1он

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство