Фон дер Лајен: Се надевам дека сите страни ќе ги поддржат уставните амандмани за придвижување на земјата на европскиот пат

Од:

Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен се надева дека уставните амандмани во Собранието на Северна Македонија ќе бидат поддржани од сите страни со цел придвижување на државава на европскиот пат.

Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен го поздрави поднесувањето на уставните амандмани во Собранието на Северна Македонија изразувајќи надеж дека тие ќе бидат поддржани

-Го поздравив поднесувањето на уставните амандмани од неговата Влада (Ковачевски) во Парламентот. Се надевам дека сите страни ќе ги поддржат, Северна Македонија да се придвижи напред на европскиот пат. Северна Македонија припаѓа во ЕУ, напиша на социјалната мрежа X (Твитер) Фон дер Лајен по неформалниот состанок на лидерите од Западен Балкан и ЕУ во Атина по повод 20-годишнината од Солунската агенда за ЕУ перспективата на Западен Балкан.

Фон дер Лајен во Атина се сретна со премиерот Димитар Ковачевски, кој во изјава за МИА рече дека разговарале за европската перспектива на Северна Македонија и изразиле задоволство што е започнат процесот за уставните измени.

-Процесот започна успешно и се надевам, исто како што и ЕУ се надева, дека во нашето Собрание ќе има визија и ќе има храброст пратениците да донесат една важна одлука која што се однесува на продолжување на европската интеграција на Северна Македонија во Европската Унија, објасни Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Го информирав Зеленски за двата клучни приоритети

А1он

Фон дер Лајен: Ова е почеток на нова ера – Европа е енергетски независност од Русија

Европските конзервативци и реформисти бараат оставка од Урсула фон дер Лајен

Санкциите против Русија остануваат на сила, објави Урсула фон дер Лајен

Урсула фон дер Лајен: Ништо не треба да се одлучува за Украина без Украина

Орбан: Урсула фон дер Лајен повторно бара повеќе пари за Украина, астрономска сума што не постои