А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Фон дер Лајен: ЕК за неколку недели ќе ја има новата методологија за проширување

by А1он14/01/2020 - 11:56206
Share0

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека следните шест месеци ќе бидат клучни за односите меѓу ЕУ и Западен Балкан и најави дека ЕК за неколку недели ќе излезе со новата методологија за проширување.

Добивај вести на вибер

Во текот на претставувањето на хрватскиот претседателство со Унијата во Европскиот парламент во Стразбур, Фон дер Лајен, ја повика ЕУ да го оддржи моментумот кога станува збор за Западен Балкан.

-Доколку сакаме успешен самит ЕУ- Западен Балкан во Загреб тогаш мораме сега да ја направиме нашата домашна задача. Затоа за неколку недели ќе ја претставиме нашата нова методологија за проширување за да разговараме за неопходната модернизација, а првенствено на нашите пријатели од Западен Балкан – Северна Македонија и Албанија, да им дадеме перспектива за почеток на пристапните преговори , порача Фон дер Лајен.

Претседателката на ЕК оцени дека токму Хрватска, која го презела шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ, знае многу подобро од дргуите што значи силата на европската перспектива, колку далеку таа сила може да ја однесе државата во поглед на трансформацијата на системот и економијата, но и што е тоа што е добро што ЕУ може да го направи со својот ангажман и инвестирањето во регионот на Западен Балкан.

EKeu

Би можело да ве интересира

Девет држави ја блокираат Албанија во евроинтеграцискиот процес, Рама тврди: Има само едно вето

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 11:06

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Горан Наумовски31/03/2026 - 21:23

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он28/03/2026 - 09:21

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Горан Наумовски27/03/2026 - 08:35

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски27/03/2026 - 07:4627/03/2026 - 07:46

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

Горан Наумовски23/03/2026 - 08:42
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто