Пред еден ден „Дневник“, денеска „Фокус“, И двата весника ја отвораат темата „Кој шверцувал нафта“. Документот е о американскиот дипломат Виктор Комрас.
Станува збор за периодот во 1995 година.
„Дневник“, го објави списокот во кој главно доминира компанијата „Макошпед“, при што се тврди дека се прошверцувани 2.191 тон нафта.
„Цистерни и вагони со шверцувана нафта, декларирана како масло за подмачкување, во јуни и во јули 1995 година деноноќно ја преминувале македонско-српската границата и покрај предупредувањата од Kомуникацискиот центар за помош на мисиите за спроведување санкции (SAMCOM) од Брисел дека се крши ембаргото кон северниот сосед.Според разгранокoт на SAMCOM за Македонија – МACSAM, половина од нафтата била превезувана со камиони и вагони на „Макошед“. Освен македонските фирми, на списокот има фирми од Бугарија и од Грција, кои се јавуваат како извозници на маслото“, пишува „Дневник“.
Но нешто недостасува во списоците, случајно или намерно изоставено е името на компанијата„Силекс“, сопственост на Ѕинго, коалицискиот партнер на Груевски.
Со два факсимила од списоците за кои се тврди дека се доказ за шверцување на нафта, објавени на насловната страница, дневниот весник „Фокус“ покажува како „Дневник“, како што велат, ја ретушира историјата.
Двата факсимила се однесуваат на исти датуми, но на првиот доминира фирмата „Макошпед“, а на вториот – компанијата „Силекс’. Првиот список е објавен во далечната 2007 година, додека вториот, тој без „Силекс“, сега, во „Дневник“.