Флекенштајн: Името не може веќе да го сопре патот на Скопје кон ЕУ

Од:

Европратеникот, Кнут Флекенштајн го поздрави потпишувањето на Протоколот за членство во НАТО, јави дописничката на МИА од Брисел.

Флекенштајн им го честиташе вчерашниот чин на премиерот, Зоран Заев и министрите, Никола Димитров и Радмила Шекеринска преку „Твитер“ и ги поздрави напорите на сите кои придонесоа за, како што вели, овој историски успех.

Ден пред ратификацијата на овој документ во Атина, Флекенштајн за МИА изјави дека фактот што Грција го потпиша протоколот вчера е „веќе голем успех“.

Тоа јасно покажува дека оспоруваниот Преспански договор беше корисен и оти го исполнува своето ветување да се стави крај на долги година блокади за земјата, смета европратеникот од редовите на социјалдемократите.

Според Флекенштајн, иако НАТО не игра важна улога во процесот за ЕУ бидејќи не сите членки на ЕУ се членки на НАТО и обратно, сепак вчерашното потпишување испраќа важен сигнал.

„Се разбира, има земји за кои членството во НАТО е важно, но за мене успехот лежи во фактот што деценискиот спор за името не може повеќе да го сопре Скопје на патот кон Европската Унија, сега треба целосно да се посветат на потребните реформи“, апелираше европарламентарецот.

Би можело да ве интересира

МВР го расчисти денешното убиство во Охрид, уапсен 53 годишен жител на Брвеница

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Данците не се баук: Македонија има 0-0 на полувреме во Копенхаген