Џемал Мена: Советникот Нефи Усеини ме тепаше пред градоначалникот, оти не сакав да гласам

Од:

Советникот во Општина Охрид од Беса, Џемал Мена бил натепан од советникот на ДУИ, Нефи Усеини поради тоа што одбил да гласа за усвојување на извештајот за работата на ЈП „Нискоградба Охрид“, каде што директор е кадар на ДУИ.

Неофицијално извештајот за кој требало да се гласа не ја прикажувал вистинската состојба во претпријатието кое работело со загуби и имало големи долгови.

„Јас не сакав да гласам за точката и советникот Нефи Усеини во присуство на сите советници, градоначалникот и целата јавност во салата во Општина Охрид ми се нафрли и почна да ме тепа, по што другите не делеа“, вели советникот од Беса, Џелал Мена.

Потврда за физичката пресметка дадоа од охридската полиција од каде велат дека Мена телефонски пријавил, а тие излегле на терен.

Советникот на Беса бил и на прегледи во Општата болница во Охрид.

Реакција и осуда за инцидентот од Општина Охрид и градоначалникот Константин Георгиевски се уште нема.

Ова е втор инцидент за два месеци на советникот од ДУИ, Нефи Усеини кој е актуелен во јавноста бидејќи на диво изгради летна тераса во стариот дел на Охрид, а општината му нема издадено дозволи. Претходно, вербално нападна инспектор од Скопје кој требало да изврши увид на дивоградбата чиј сопственик е тој.

Би можело да ве интересира

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство