А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Фити: МАНУ и БАН покажаа дека може да се соработува со научни аргументи и факти

by А1он18/06/2018 - 11:45266
Share0

Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија не е обичен билатерален, туку договор од посебно значење, зашто јасно ја искажува решеноста на двете држави да градат односи на пријателство, да ги решаваат отворените прашања врз европските стандарди и вредности, како и поради фактот што го отвора патот кон НАТО и ЕУ, изјави претседателот на Македонската академија на науките и уметностите Таки Фити, на отворањето на заедничката научна конференција со Бугарската академија на науките.

Следете a1on на Instagram Instagram

Целта на конференцијата, посочи Фити, е да се афирмира Договорот и низ дебата да се придонесе за осмислување и конкретизирање на формите и содржините на заедничка соработка.

– МАНУ и БАН покажаа дека дека можеме успешно да соработуваме, дека можеме да дебатираме, се разбира со научни аргументи и факти, како што тоа им е својствено на врвни научни и уметнички институции, рече Фити.

Посочи дека викендов во Охрид е договорено формирање на меѓуакадемиска група составен од по пет членови од двете академии, што ќе се грижи и помага процесот на реализација на обврските кои произлегуваат од Договорот.

Следете a1on на Youtube YouTube

Потпретседателот на Бугарската академија на науките Васил Николов, на отворањето, порача дека балканските земји се оптоварени од нивниот нееднаков историски развој и контрадикции, кои често ги ставаат во центарот на светското внимание.

– Затоа треба заедно да бараме можности за надминување на проблемите преку водење на искрен и конструктивен дијалог, во атмосфера на заемна доверба и разбирање. Заедничката работа на научниците од Македонија и Бугарија во изминатите пет години е доказ за ослободеноста од политички и идеолошки зависности во сферата на науката, изјави Николов.

Посочи дека поради заедничките корени и минато, академиите се должни да продолжат со продлабочување и збогатување на заедничката научна активност и да водат достоен и конструктивен дијалог на сите теми.

На конференцијата ќе биде презентирана платформата за соработка меѓу БАН и МАНУ во спроведување на Договорот.

Платформата, освен реализација на заеднички научни, уметнички и културни проекти, поддржува и заеднички публикации, преводи на дела и аплицирање за проекти од национални и европски фондови.

banmanu

Би можело да ве интересира

Левица: Сомнителни тендери во МАНУ под вмровска контрола – над четирипати повисока цена за дезинфекција, дезинсекција и дератизација

Горан Наумовски15/10/2026 - 09:0115/10/2026 - 09:29

Преведувачка од Словенија доби признание „Блаже Конески“: „Македонскиот јазик сè помалку звучи македонски“

А1он14/10/2026 - 16:32

Левица: Сомнителни тендери во МАНУ – надворешно сметководство и покрај сопствен финансиски оддел

Катерина Ѓуровски13/10/2026 - 09:21

Одбележани 80 години од раѓањето на академик Глигор Јовановски со промоција на изданија на МАНУ

Катерина Ѓуровски01/06/2026 - 12:35

МАНУ: Македонија има потенцијал да стане лидер во рударството во регионот

Катерина Ѓуровски21/04/2026 - 11:1121/04/2026 - 13:34

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет

Горан Наумовски23/02/2026 - 14:49
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео