СДСМ: Финансискиот извештај на Гордана Сиљановска е внесен во несоодветен образец и не дава реална слика за трошоците

Од:

Од она што може да се види од објавеното на интеренет страницата на Државната изборна комисија финансискиот извештај на Гордана Сиљановска е внесен во несоодветен образец, велат од СДСМ.

Финансиските извештаи треба да се подготват и да се внесат врз основа на Образец пропишан од Министерство за финансии, објавен во Службен весник број 65/19 од 29.03.2019 година. Оттука, вака подготвен и внесен во несоодветен образец, извештајот на Сиљановска не дава реална слика, затоа што има оромен дел на нереализирани побарарувања, неколкукратно поголеми од прикажаните трошоци, е наведено во соопштението.

Во ваква форма, додаваат од СДСМ,  финансискиот извештај не може да се споредува со оној на претставниците на групата избирачи на кандидатот за претседател Стево Пендаровски кој е внесен во соодветен образец, прецизен, реален и со точно наведени ставки кои што ја даваат објективната слика и граѓаните можат да имаат комплетен увид.

Би можело да ве интересира

Сиљановска Давкова не замина на отворањето на Нотр Дам во Париз поради дефект на владиниот авион

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ да одговори кој ги нарача скандалозните помилувања на нарко-босови

Демаршот на бугарскиот амбасадор ќе биде врачен од директорот на Директоратот одговорен за регионот, а не од министерот Муцунски

Левица: Без знаме и без гордост, Силјановска – пиун во бугарската игра со македонскиот идентитет

Мицкоски мандатар за состав на влада

Телефонски разговор на претседателката Сиљановска Давкова со украинскиот претседател Зеленски