Финансиска полиција поднесе кривична пријава против поранешниот штипски градоначалник Илчо Захариев

Од:

Државниот буџет е оштетен со 25,9 милиони денари откако на штипската фирма „Коле Транс“ и било овозможено бесправно користење песок од коритото на Брегалница , а заради тоа Финансиската полиција денеска поднесе кривични пријави против поранешен градоначалник на Штип, со иницијали И.З., и директор на ЈП Стипион, И.И.

Против И.З и И.И е поднесена пријава за „злоупотреба на службената положба и овластувања“, а пријава за „перење пари“ против Р.Г. управител и сопственик на фирмата „Коле транс“ Штип.

Како што соопшти Управата за финансиска полиција, И.З., без да објави повик за јавна набавка за чистење на коритото на река Брегалница, на предлог на Советот на општината, иако знаел дека ЈП „Стипион 2011“ нема капацитети за вадење песок, донел одлука за сметка на општината како корисник на дозволата, јавното претпријатие да изврши регулација и уредување на речното корито кај село Софилари, а неискористениот речен материјал да го искористи за редовно и зимско одржување на локалните патишта и улици, појаснува Управата за финансиска полиција.

Оттаму информираат дека, И.И. знаејќи оти јавното претпријатие не е надлежно за тој вид услуги, ниту, пак, има капацитет со механизација да ја изврши услугата и наместо да распише јавна набавка, со непосредна спогодба ги исклучил останатите економски оператори и склучил Меморандум за соработка со кој на пријавениот Р.Г. му овозможил бесправно да искористи 42.814,57 метри кубни песок од коритото на Брегалница по пазарна цена од 600 денари за тон во вкупна вредност од 25.941.348 денари, за кој износ го оштетиле Буџетот на Република Македонија.

Р.Г.,пак, со намера да го прикрие потеклото на противправно стекнатите пари прибавени со казниво дело, ги инвестирал во купување удел во Друштво за хотелиерство, туризам и угостителство ПЕЛА ГРУП ДООЕЛ увоз-извоз Скопје со што го сторил кривичното дело „перење на пари и други приноси од казниво дело“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Семејна драма во Штип , извршител ги исфрли од куќата

Татјана Ташкова

ВИДЕО: Маринела Тушева објави видео од запалените возила на нејзиниот брат и нејзиниот татко

Ана Ололовска

Запалени возилата на братот и таткото на поранешната пратеничка на СДСМ, Маринела Тушева

Ана Ололовска

Кривична пријава за две лица осомничени за криумчарење на 27 мигранти

А1он

Митев од штипската ветеринарна станица: Ќе ги тужиме невладините за клевета, кучињата се живи и здрави

Габриела Димковиќ-Мишевска

Здруженија за заштита на животни тврдат дека во штипскиот стационар успиваат здрави животни

Ана Ололовска