Финансиска: Јакимовски и уште четворица службеници го оштетиле буџетот за речиси 600 илјади евра

Од:

Петстотини и деведесет и пет илјади евра или 36.634.675 денари е оштетен буџетот од страна на поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски и уште четири лица, соопшти финансиската полиција која ги гони за три јавни набавки.

Финансиската полиција освен против Јакимовски поднесе кривична и за Раководителот на секторот за Јавни набавки (М.Д.), помошник раководителот на секторот за финансиски прашања (Н.Н), раководителот на одделението за норматива во правниот сектор (С.М.) и раководителот на одделението за сметководство (А.С.), кои се гонат за слоупотреба на службената положба.

Од Финансиската полиција велат дека Јакимовски во својство на градоначалник во 2012 и 2013 година во име и за сметка на Карпош спровел две постапки за јавни набавки, иако знаел дека правното лице Алконпроект ДООЛ Тетово не доставило банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот.

– Наместо да го раскине договор и да ја активира и наплати банкарската гаранција на понуда согласно Законот за јавни набавки, С.Ј. му дозволил на изведувачот да започне со вршење на активностите согласно договоррите, и потоа заради неквалитетно и ненавремено извршување на работите ги раскинал договорите со изведувачот, со што му овозможил да стекне противправна имотна корист на име на необезбедени и неплатени банкарски гаранции за квалитетно извршување на договорот, во износ од 911.166 денари, а на штета на Буџетот на Општина Карпош.

Јакимовски, како што тврди финансиската полиција му дозволил на изведувачот да започне со градежните активности, без одобрение за градење, без решение за локациски услови или идеен проект и без одновен изведбен проект, а му давал и усни инструкции на изведувачот за реализација на поголеми количини од предвидените во техничката спецификација, како и позиции кои не биле предвидени, со што му овоможил да се стекне со имотна корист во висина од 32, 878,275 денари на штета на буџетот.

Јакимовски се гони и за постапка за Партерно уредување на сквер во Жданец, во 2016 година. Од финансиската полиција велат дека правното лице ДГПТУ СМ Компани ДОО Св. Николе не доставило банкарска гаранција, иако било предвидено согласно тенденрската документација, а Јакимовски го потпишал договорот.

Би можело да ве интересира

Управата за финансиска полиција со кривична против две физички и две правни лица за даночно затајување и фалсификување деловни книги

Ана Ололовска

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против едно физичко и едно правно лице за даночно затајување

Ана Ололовска

Кривична пријава за тројца вработени во ЈСП, украле близу половина милион евра од дневниот промет

Ана Ололовска

Муареми ќе го гони обвинителката која се спогоди за „Империја“, а Спасовски е во рацете на обвинителката која го гони Зеќири

Кристијан Ландов

Финансиска полиција: Управата во своето работење постапува неселективно и непристрасно

Ана Ололовска

Касами обвини дека централната власт му врши политички притисок

Ана Ололовска