Финална акција за откривање лица кои криумчареле мигранти во кумановско

Од:

МВР утрово започна сo спроведување на  финалната фаза од акцијата  за откривање лица кои се вклучени во криумчарење на илегални мигранти од Блискиот Исток и Северна Африка, потврди за МИА портпаролот на МВР Иво Котевски.

Акцијата, додаде тој, се  уште трае и се спроведува на подрачјето на поширокиот регион во кумановско.

– Подолг период се работеше на откривање криминална група која организираше криумчарење на лица од Северена Африка и Блискиот Исток од границата со Грција низ Македонија кон северната граница, а потоа и кон земјите членки на ЕУ. Во текот на акцијата пресечен и еден нелегален транспорт на мигранти кои ги криумчарела истата  група во близина на кумановско Доброшане. Приведени се неколку лица, а мигрантите се згрижени. Со наредба на судот и јавниот обвинител извршен е претрес на неколку објекти на повеќе локации во кумановско и во еден пронајдена е поголема група, изјави Котевски.

Во акцијата досега се приведени и неколку лица кои криумчареле мигранти.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

А1он

(ВИДЕО) Шпанската полиција со гумени куршуми и пендреци ги отстранува мигрантите од плажите во Сеута

Предраг Петровиќ

ЕУ подготвува построги правила за азил и побрза депортација на мигранти по кризата во Сеута

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод