Владата на денешната седница го разреши од должноста директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија Стево Крстевски, а за вршител на должноста директор на ФЗОРСМ ја именува Магдалена Филиповска – Грашкоска, којашто е разрешена од должноста претседател на Инспекцискиот совет.
„На денешната седница Владата одлучуваше по решенијата на Комисијата за кадровски прашања и заклучи да му препорача на Надзорниот одбор на Акционерско друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ да го отповика Јани Макрадули од должноста претседател на Управниот одбор и генерален директор и на оваа позиција го избере Васко Стефанов кој е разрешен од должноста заменик-директор на Агенција за вработување на Република Северна Македонија.
За в.д. претседател на Инспекцискиот совет на денешната седница Владата ја именуваше Даниела Рендевска“, велат од Владата.