Филипче за починатиот пациент од коронавирус: Најризична група се повозрасните и лицата со хронични болести

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче во врска со 63-годишниот пациент од Дебар, кој ноќеска починал на Инфективната клиника од Ковид – 19, рече дека станувало збор за пациент кој бил хоспитализиран на 17 март, без покачена температура, со наод на белите дробови.

„Дошло до нагло влошување на состојбата, вчера била направена реанимација, бил ставен на респираторна машина, но тој по неколку часа починал. Пациентите кои претходно имаат некакви заболувања на белите дробоиви имаат повисок степен на смртност. Ова значи дека поризична група се повозрасните граѓани и тие се коморбидитет“, рече Филипче.

Коморбидитет значи дека станува збор за лица кои имаат дијагнози, од кои една е примарна и хронична.

Во врска со првата почината пациентка, 57 годишната жена од Куманово, Филипче рече дека лекарите презеле се што требало, но дека нема правило кога се влошува состојбата кога станува збор за коронавирусот. На прашањето како е можно двата теста за Ковид-19 да се негативни, а посмртно тестот да биде позитивен кај оваа пациентка, тој уште еднаш повтори дека „за жал, нема тест во светот кој е 100 проценти сензитивен“.

Филипче повтори дека во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. Петнаесет случаи се во Скопје, четири во Дебар, два во Куманово и еден во Охрид.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до пладне, изнесува 136, од кои еден е излекуван и двајца починати пациенти.

Денеска на Инфективната клиника се прават шест контролни брисеви на веќе хоспитализирани лица, од кои тројца се во потешка состојба. Анализата треба да покаже дали тие се уште се носители на вирусот.

Што се однесува до лицата кои биле во контакт со поранешната директорка на Клиниката за кожни болести, Филипче рече дека периодот на изолација е завршен, сите тие ќе бидат тестирани во наредниов период, по што ќе се знае дали можат да се вратат на работните места.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

А1он

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

(ВИДЕО) Филипче: Законот за високо образование е катастрофално лош, бараме да се повлече

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски