Филипче за инцидентот пред „8 Септември“: Ова е непочитување на здравствените работници и дискредитација на нивниот труд

Од:

Инцидентот пред ковид центарот во болницата „8 Септември“, министерот за здравство Венко Филипче го нарече „чин на крајно непочитување на здравствените работници кои се секојдневно изложени на ризик, додека спасуваат животи“.

Филипче го осуди настанот во кој докторка беше нападната од семејство на пациентка која по неколку дена болничко лекување починала од коронавирусот.

„Во случајот интервенираше полицијата која приведе неколку члена од семејството на починатата. Тие се обиделе насилно да го земат телото без да го спроведат соодветниот протокол за лица починати од ковид-19. Ова е чин на крајно непочитување на сите здравствени работници кои повеќе од 4 месеци деноноќно се борат за секој човечки живот. Ова е дискредитација на нивната работа, нивниот труд и жртва, ризикот на кој се изложени и одрекувањата. Овие луѓе со месеци ги немаат видено своите семејства, ги немаат прегрнато своите најблиски, немаат ден одмор и оддишка од напорната работа. Најостро го осудувам овој инцидент. Колегите кои се борат со преку 100 пациенти сместени во болницата заслужуваат само поддршка и разбирање, а не закани. Цврсто сум уверен дека тие постапиле професионално и согласно протоколите и ги повикувам надлежните да го истражат случајот и да постапат соодветно“, вели министерот Филипче.

Настанот се случи доцна попладнево, а интервенираше полицијата по пријава дека роднините на починатиот пациент имале и оружје со себе, што подоцна се покажа како неточно. Двајца од шесте роднини кои поради напад на докоторката беа пренесени во полициската станица Гази Баба, се позитивни на коронавирусот, но наместо во изолација, тие дошле пред болницата. Тие, според нашите информации, ќе бидат пренесени во државен карантин на сопствен трошок бидејќи ги прекршиле мерките за самоизолација.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски