ВИДЕО: Десетици полицајци интервенираат во „8 Септември“ откако докторка добила закани по живот

Од:

Десетици полицајци од повеќе различни единици вечерва се пред болницата “8 септември”, по пријава од докторка која добивала закани од роднини на лице кое починало откако било хоспитализирано во ковид-центарот.

Неофицијално, инцидентот започнал со расправија за тоа дали починатата жена која била хоспитализирана имала или нема коронавирус. Роднините наводно сакале да го подигнат телото без протоколот кој се спроведува за сите починати лица во изминатиот период поради епидемијата.

Исто така, едниот од роднините кој се заканувал,  бил позитивен на коронавирусот. Дојавата до полицијата била дека роднините, меѓу кои бил и синот на починатата жена, се вооружени, но полицијата утврдила дека не биле.

Пред болницата има пет полициски возила и едно комбе, како и униформирани полицајци и припадници на интервентната полиција.

МВР повеќе детали најавува за подоцна.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски