ВИДЕО: Шестмина приведени по инцидентот во „8 Септември“, едниот од нив позитивен на коронавирус

Од:

Роднина на жена почината во Ковид-центарот во болницата „8 септември“, кој е позитивен на коронавирусот, е спроведен во полициска станица со специјални протоколи, откако претходно бил пријавен дека заедно со други лица ѝ се заканувал на докторка од болницата.


МВР засега единствено потврдува дека вкупно шестмина се приведени  во полициската станица Гази Баба.

Целата драма се одвиваше вечерва пред Ковид-центарот во ГОБ “8 ми Септември“, каде беа распоредени десетици полицајци од различни единици. Неофицијално, при интервенцијата по пријава, полициските службеници не знаеле дека лицето е позитивно на коронавирус, а тоа тој го кажал отпосле.

Полицијата постапуваше со целосна опрема согласно мерките за заштита од вирусот. Пријавата била дека лицата кои се заканувале се вооружени, но по прегледот, било утврдено дека немаат оружје со себе.

Полицијата ќе ги спроведува и останатите заканувачи, кои се задржани пред влезот во болницата.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска