Филипче за Димитриевски: Разликата меѓу двата теста е 17-18 дена, доволен период пациент да се негативизира

Од:

Откако вчера градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски рече дека по тестирања во приватни лаборатории увидел дека е негативен на коронавирусот, министерот за здравство, Венко Филипче рече дека е поради разликата меѓу времето кога се направени тестовите. Според Филипче, Димитриевски тестовите ги направил помеѓу 17-18 денови, а потоа уште еден по 10 дена, па заклучи дека затоа тој бил негативен.

„Тестовите се одобрени од СЗО. Има само претпоставки после колку време од тестирањето на кој се добива позитивен резултат може пациент да се негативизира, имајќи во предвид дека не се знае колку време претходно бил носител на вирусот. Во конкретниот случај, знаеме дека разликата меѓу двата теста е 17-18 дена, со третиот тест дополнителни 10 дена, сосема доволен период за еден пациент да се негативизира“, рече министерот.

Филипче посочи дека секој на кого му е дијагностициран коронавирусот, мора да седи во изолација 14 денови.

„Мерките се имплементираат за да се почитуваат, а за секоја мерка има медицинска издржаност. Четиринаесет дена трае инкубацискиот период. Еве и ние сме негативни, јас лично немам ниту решение за изолација, а седам 14 дена, бидејќи во било кој во тие 14 дена може да се покаже дека сум позитивен на вирусот. Во таа смисла, сметам дека апсолутно секој треба да се придржува до мерките“, кажа Филипче.

Во однос на извештајот од ДСЗИ за тоа дали има одговорност кај Димитриевски бидејќи не ги информирал премиерот и министрите дека се тестирал за коронавирус, Филипче кажа дека биле утврдени низа пропусти.

„Во наодот на ДСЗИ беа констатирани низа пропусти по што тој беше пратен во МВР за понатамошно постапување. Во таа смисла, не би сакал да коментирам“, рече Филипче.

Кумановскиот градоначалник вчера побара да му биде укинато решението за самоизолација од ДСЗИ, но и решенијата кои се издадени на лицата кои контактирале со него.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

ВИДЕО: Техничката влада не смее да падне, „средба со криминалци нема да има“, вели Филипче

(ВИДЕО) Филипче за Божиќ: Да градиме праведно и слободно општество, младите тука да ја гледаат иднината

А1он

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже од каде 500.000 долари за инвестиции и златна виза во Дубаи

А1он