Филипче: Влегуваме во есенскиот бран на Ковид-19, мерките се единствената алатка за да се заштитиме

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче вечерва на Фејсбук напиша дека со денешната повторна висока бројка на новозаболени, станува јасно дека влегуваме во очекуваниот есенски бран на Ковид-19.

„Иако многумина не веруваа во најавите дека тој ќе се случи, сепак се докажува дека очекувањата беа реални. Цела Европа во моментов се соочува со нова криза и во повеќе земји има силни рестрикции и нови мерки. Разбирам дека кај сите има голем замор од оваа состојба и дека буквално ви е преку глава од коронавирусот. Но, верувајте дека заморот е уште поголем кај здравствените работници. Тие седум месеци деноноќно работат да ја одржат состојбата под контрола. Целиот менаџмент и Комисијата за заразни болести даде сѐ од себе изминатиот период да подготви протоколи, да го реорганизира системот и да го дочекаме подготвени есенскиот период. Како министер нема да дозволам да се преоптовари здравствениот систем и да нема кревети за лечење. Нема да дозволам да клекнат на колена колегите од замор“, напиша министерот Филипче.

Тој истакна дека рестрикции и мерки ќе се носат секогаш кога ќе се процени дека тоа е единствен начин да се заштити системот и јавното здравје. Тоа, според министерот, е наша одговорност и должност.

„Мерките и рестрикциите не се ничија желба или хир. Едноставно мора да разбереме дека тие се единствените алатки кои ни се на располагање за да се заштитиме. Го разбирам целосно гневот на оние кои доследно ги почитуваат постоечките мерки кои се на сила од почетокот и со нив ефикасно се штитат. За многумина препораките за одржување дистанца, носење маска и редовна дезинфекција се доволни мерки. Во оваа прилика сакам да им изразам голема благодарност и да им честитам на свесноста и совесноста. За жал, новите мерки кои ги носиме мора да се однесуваат за сите и едноставно не може парцијално да се применуваат само онаму каде има непочитување на основните три“, вели министерот Филипче и додава дека Влада силно се заложува за спроведување на мерките и казнување на оние кои не ги почитуваат.

Министерот потсети дека од денеска, инспекциите имаат поголеми надлежности и додаде дека тие максимално посветено ја работат својата работа.

„Верувам дека надлежните ќе направат сѐ да ги санкционираат неодговорните граѓани. Сепак, ќе повторам нешто во што силно верувам од самиот почеток. Ниту инспекторите, ниту полицијата, ниту здравствените работници не може да се справат со несовесноста на некои граѓани и компании. Затоа, уште еднаш апелирам, да се обединеме и да се поддржиме меѓусебно. Заедно да го надминеме следниот период преку почитување на мерките без исклучок“, посочи Филипче.

Би можело да ве интересира

Филипче: СДСМ со предлог законски решенија за минимална плата од 600 евра и замрзнати плати за функционерите

(ВИДЕО) Филипче: Реформите за ЕУ се блокирани, загрижуваат антиевропските манири на власта

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

(ВИДЕО) Филипче: Оваа власт не ја сака Европа – сака контрола, капитал и изолација

Горан Наумовски

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Филипче: Мицкоски беше турист во Давос

А1он