Филипче: Утрово го посетив Иван, тој е буден и се чуствува добро

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче, утрово во Клиниката за Државна Кардиохирургија го посети пациентот на кого му беше трансплантирано срце.

„Утрово го посетив Иван, тој е буден и се чуствува добро. Изрази огромна благодарност до семејството Диневи, докторите и целата јавност за поддршката која ја добива. По успешната операција следува најважниот период од неговото закрепнување, периодот во кој телото на Иван треба да го прифати новиот орган. Докторите максимално посветено ќе го водат низ овој процес, да им посакаме среќа на сите. Верувам дека овој историски подвиг на македонското здравство, овој највисок акт на човечност и хуманост, ќе ја подгине свеста за органодарителството и ќе имаме уште многу успешни трансплантации, рече министерот Филипче, стои во соопштението од Министерството за здравство.

Пред два дена, првпат во Северна Македонија се изведе трансплантација на срце. Со овој голем исчекор се испиша историја во македонското здравство, во македонската кардиохирургија.

„Органодарителството е највисокиот чин на човекољубие и на алтруизам. По дијагностицирањето на мозочната смрт, семејството се согласи да ги донира срцето и бубрезите од починатата пациентка и се даде шанса за втор живот на тројца пациенти. Оваа комплексна операција, која за првпат се изведе докажа дека здравјето на граѓаните е на прво место, и етиката и хипократовата заклетва ги надминуваат сите разлики“, се вели во соопштението од МЗ.

На трансплантацијата работеа стручен и врвен тим на кардиохирурзи под водство на проф. д-р. Сашко Јовев од Државната кардиохирургија, акад. д-р. Жан Митрев од „Клиника Жан Митрев“, проф. д-р. Александар Николиќ од болницата „Аџибадем Систина“ и Националната Координаторка за трансплантација д-р. Маја Мојсова од Универзитетска Клиника за Анестезија, Реанимација и Интензивно лекување.

Би можело да ве интересира

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче од Крушево: Македонија не смее да биде држава во која водата за пиење е опасна

А1он

Филипче: За насилничкото однесување на Иван Стоилковиќ СДСМ ќе поднесе интерпелација

Водата во Гостивар била загадена и во времето на Филипче, обвинија и премиерот и шефот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

ВИДЕО: Филипче тврди дека има загадување на водата со колиформни бактерии и во болницата во Лешок

Филипче: Намерното запирање на европскиот пат е форма на државен удар

Катерина Ѓуровски