Филипче: Успешно се амортизира ударот на коронавирусот, имаме линеарен пораст

Од:

Во изминатите 24  часа во државава се направени 496 тестирања на Ковид-19, од кои потврдени се позитивни 48 лица или вкупно 711. Направени се вкупно 7.067 тестирање. Од Клиниката за инфективни болести после два контролни негативни тест испишани се тројца пациенти кои се во добра здравствена состојба, а пак примени се двајца нови пациенти.

Ова денеска го соопшти министерот за здавство Венко Филипче кој информираше дека на Клиниката за инфектини болести хоспитализирани се вкупно 66 пациенти, од кои осум се на механичка вентилација со тешка форма на болеста.

– Во болницата 8 Септември хоспитализирани се 21 пациент од кои шест се на респираторна машина. Во болницата во Битола се четворица хоспитализирани кои се со лесна форма на болеста. Во болницата во Штип примени се уште четири пациенти или вкупно осум и сите имаат лесна форма на болеста, соопшти Филипче.

Од денеска регистрираните на коронавирусот, од Скопје се 11,  Куманово 25, во Штип еден, во Прилеп четири, Тетово еден, во Струга три,  Охрид еден и во Гостивар два случаи.

За дијагностицираните пациенти во Куманово, министерот информираше дека тие се лица кои биле со препорака за самоизолација кои во меѓувреме развиле симптоми заради тоа што биле во контакт со претходно дијагностицирани заболени лица од Куманово.

Министерот соопшти дека најмалиот пациент – четиримесечното бебе  е во стабилна состојба  и се наоѓа во Инфективната болница.

Во однос на починатиот притвореник позитивен на Ковид 19 од затворот во Шутка, министерот рече дека интензивно се работи со луѓето од затворот,  а напрвени се и прегледи од лекарски тимови кои продолжуваат  утре и задутре и земени се голем број  на тестови во текот на вчерашниот и денешниот ден, а ќе се анализираат сите луѓе кои се наоѓаат таму вклучително и персоналот на затворот.

– Во Агенцијата за храна и ветеринарство една вработена која повеќе од една недела не била на работа од 2 април била дома заради ротацијата на тимовите во институцијата. Седум колеги кои што биле во контакт со заболената се во домашна изолација.  Во објектот на институцијата се работи на детална дезинфекција и чистење, истакна Филипче.

Би можело да ве интересира

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

ВИДЕО: Техничката влада не смее да падне, „средба со криминалци нема да има“, вели Филипче

(ВИДЕО) Филипче за Божиќ: Да градиме праведно и слободно општество, младите тука да ја гледаат иднината

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже од каде 500.000 долари за инвестиции и златна виза во Дубаи

А1он

Деспотовски: Венко, нема да ти дозволам да избришеш 30 години работа

Манасиевски: Филипче да ги покаже документите за работа со кои ја добил златната виза за Дубаи