Филипче: Трендот на зголемување на заболени од коронавирус ќе продолжи до крајот на април

Од:

Целта на воведување на мерките е да нема нагло зголемување на заболени од коронавирус, односно бројот на пациенти да биде соодветен на оној кој може да се третира од страна на здравствените институции. Според министерот за здравство, Венко Филипче, зголемувањето на пациенти во овој период е очекувано од страна на епидемиолозите, а ваквиот тренд ќе продолжи се до пикот кој согласно проценките треба да се случи на крајот од месец април.

„Зголемувањето на пациенти во овој период е според очекувањата на епидемиолозите. Тој тренд ќе продолжи се до пикот, кој според сегашните проценти се очекува на крајот од месец април“, рече тој.

Филипче ја објасни состојбата со коронавирусот, потенцирајќи дека се чекаат студиите за процентка на антитела, со цел, да се види дали може со колективен имунитет, граѓаните да се борат со вирусот се до изнаоѓањето на вакцина.

„Сега е ситуација во која што тешко може да се превиди дали градови можат да очекуваат втор пик, бидејќи епидемиолозите тешко можат да го кажат бидејќи нема сигурни факти врз кои може да се направи проценка. Има некоја проценка дека бројот на заболени во Вухан може повторно да расте. Всушност, воведување на мерки, не само кај нас, туку секаде во светот, има за цел да ја растегне епидемиолошката крива. Значи, да се примат што помал број на пациенти или број на пациенти кои здравствениот систем може да ги издржи. Во периодот кој следи, ги чекаме и студиите во однос на проценката на антитела, за да видиме дали може да се стекне имунитет, дури и колективен имунитет во следните година дена се до излегувањето на вакцината. Веројатно тоа и ќе биде текот на оваа болест, како и епидемиолошката слика која ќе биде во светот. Значи, имаме мерки со кои го амортизираме ударот од огромен број на пациенти во здравствениот систем, така да сите предвидување се во таа насока за кои не можеме целосно да сме сигурни“, потенцираше Филипче.

Би можело да ве интересира

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Граѓаните скапо плаќаат за бајките на Мицкоски – со празни џебови и празни фрижидери

А1он

Филипче испратил писма до ЕУ, вели Мицкоски најавил политички прогон: Премиерот му одговори дека чувствата му се се посилни

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Зошто не ги прифаќате мерките на СДСМ коишто навистина ќе дадат ефект?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената