Филипче: Се разгледуваат мерки кои нема да ги загрозуваат работните места на граѓаните

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека во последниве неколку дена се разгледуваат мерки за невакцинираните лица кои нема да ги загрозуваат работните места на граѓаните. Во вторник, на владина седница, ќе биде предложена нова мерка, а тоа е стимулација на матичните лекари.

„Свесен сум дека ова беа едни од најтешките предложени мерки бидејќи допираа во работните односи и затоа сега ќе разгледуваме слични мерки кои нема да загрозуваат нечие работно место, а ќе бидат стимулација за вакцинација и затоа интензивно истражувавме во изминативе 2-3 дена“, рече Филипче.

Тој вели дека ќе биде предложена нова мерка, а тоа е посебна стимулација за матичните лекари.

„Предлогот е матичните лекари да бидат финансиски стимулирани, односно кога ќе надминат 70 посто вакцинација на прикрепени пациенти да бидат наградени со 30 денари по пациент, од вкупниот број пациенти запишани кај нив. Тоа е предлогот со кој ќе излеземе пред Владата во вторник“, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски