Филипче: Се надевам на позитивни вести сè почесто

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче со порака на Фејсбук им посака брзо закрепнување на сите пациенти и истакна дека очекува се почесто да слушаме позитивни вести, откако вечерва беше објавено дека од коронавирусот се оздравени двајца пациенти од Штип.

-Уште две лица кои боледуваа од КОВИД-19 се денеска оздравени. Двајцата пациенти од Штип ја поминаа болеста со лесна слика и во домашно лекување под постојан надзор од лекарски тим. Им посакувам брзо закрепнување на сите пациенти и се надевам дека сè почесто ќе слушаме позитивни вести, напиша Филипче на неговиот фејсбук-профил.

Министерството за здравство претходно, пренесувајќи информации од Институтот за јавно здравје, соопшти дека денеска попладне се регистрирани уште две лица од Штип оздравени од КОВИД-19 и дека согласно протоколот им биле направени два контролни теста кои покажале негативен резулат на коронавирусот.

Во болницата во Штип од вирусот сега се лекуваат четири пациенти, а оваа болница следи уште 14 пациенти со лесна форма на болеста кои се на домашно лекување.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Зошто не ги прифаќате мерките на СДСМ коишто навистина ќе дадат ефект?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Владата ја држи земјата во изолација, а граѓаните во сиромаштија

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Филипче: Цените растат, а наместо мерки – Мицкоски им се потсмева на граѓаните

А1он