А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Се чекаат резултати од тестовите на едно лице кое допатувало од Рим

by А1он27/02/2020 - 16:2227/02/2020 - 19:11492
Share0

Пациентката на инфективната клиника заразена од коронавирус се чувствува добро и нема критични знаци, но е во изолација, информираше на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Следете a1on на Instagram Instagram

Сепак тој нагласи дека во моментов се очекуваат резултатите за уште еден сомнителен случај, на лице кое допатувало од Рим. Резултатите од тестот министерот најави дека ќе бидат објавени за околу час и половина.

Двајца пациенти, еден возач на товорно возило и една жена која допатувала од Рим се негативини на коронавирус, додаде Филипче.

Следете a1on на Youtube YouTube

ВО ЖИВО: Филипче за состојбата со коронавирусот во земјава

ВО ЖИВО: Филипче за состојбата со коронавирусот во земјава

Posted by A1on.mk on Четврток, 27 февруари 2020

Тој посочи дека одлучено е состојбата на сопатниците на заразената да се следи во наредните 14 дена. Тие се вкупно 12, а меѓу нив има и две деца. Се наоѓаат во своите домови во Скопје и во Струмица. Станува збор за здрави луѓе, но сепак се изолирани од контакти со други лица.

Утре ќе се направи проверка на здравствените капацитетите во случај ако е потребно да се направи преместување од домашно сместување во карантин. Во комбето биле вкупно 9 лица, заразената и уште 8 други. Во карантин се 12 бидејќи останатите 8 патници имале контакт со уште четворица други.

Филипче кажа дека во моментов нема други кои евентуеално би биле подложени на тестирања за коронавирус.

koronavirusvenko filipce

Би можело да ве интересира

Филипче на Конференција за проширувањето на ЕУ во Унгарија

Горан Наумовски20/11/2026 - 13:50

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС молчеа во 2023 година за Алта банка, глумеа итност, но по 10 дена ја свикаа првата надзорна седница

Горан Наумовски20/11/2026 - 09:04

Филипче: Во Буџетот нема пари за зголемување на платите – нема развој, само долгови и камати

Катерина Ѓуровски16/11/2026 - 12:34

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски14/11/2026 - 14:3014/11/2026 - 14:38

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски лаже дека СДСМ донела одлука за влез на Алта банка

Катерина Ѓуровски11/11/2026 - 13:02

(ВИДЕО) Надзорна расправа: Со одлука на владата на СДСМ во 2023 бил дозволен влез на Алта банка, вели Мицкоски

Катерина Ѓуровски11/11/2026 - 11:25
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео