Филипче: 14 проценти од пациентите се хоспитализирани, другите се асимптоматски или со лесна клиничка слика

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче, обидувајќи се да го објасни новиот засилен бран на коронавирусот во земјава, рече дека најголем дел од пациентите се асимптоматски или со лесна клиничка слика, додека само 14-тина проценти се хоспитализирани.

Во однос на зголемената смртност, Филипче тврди дека најголем дел од нив, околу 76 отсто имале бројни коморбодитети, односно болести на кардиоваскуларниот систем, на белите дробови или пак дијабет. Од 193 починати, вели Филипче, најголемиот дел имаат над 60 години.

„По олабавувањето на рестриктивните мерки практично во сите земји во регионот се регистрираат нови случаи со коронавирусот“, вели Филипче.

Со оглед на тоа што голем дел од медицинскиот кадар работел постојано, секој ден, сега се врши ротација на кадарот. Од тие причини, засилен е кадарот на Инфективната клиника и во ГОБ „8 Септември“.

На Инфективната клиника се дојдени пет доктори од останатите клиники и 27 медицински сестри, додека во ГОБ „8 Септември“ шест доктори и 20 медицински сестри.

„Монтажната болница е достапна и подготвена. Таму има 70-тина кревети, тријажен центар, дел за хоспитализација и амбулантски дел“, вели Филипче.

На Инфективната клиника во моментов има 95 пациенти од кои 37 се на кислородна поддршка. Во ГОБ „8 Септември“, пак, има 113 пациенти, од кои 10 се на респиратор, а 21 се со потешка клиничка слика.

Во Болницата во Битола има еден потврден случај на болничар позитивен на коронавирусот, а двајца негови колеги се во изолација. Денеска, еден од хирурзите пријавил симптоми на Ковид-19 и денеска ќе се знае дали и тој е позитивен на коронавирусот.

Во останатите одделенија во другите градови во земјава има уште 66 пациенти, информираше министерот за здравство.

Би можело да ве интересира

Филипче: Власта да каже дали имаат сериозен план за одблокирање на евроинтеграциите

Филипче: Македонија не смее да остане жртва на странски дестабилизациски операции

Филипче: Власта троши 1.8 милиони евра на брошури, кетеринзи, тотеми и себе промоција, но не дава за семејствата на настраданите во Кочани

А1он

Филипче бара расчистување на случајот со нападот врз Арсовска и казнување на сторителите

Филипче: Никој од Бугарија нема право да ги навредува нашите институции

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Mакедонската интеграција во ЕУ е сè подалечна поради политиките и изборите на власта

Горан Наумовски