Филипче: Рестриктивни мерки е можно да има и во летните месеци, границите ќе се отворат но патувањето нема да биде исто

Од:

Нема доказ дека летните месеци помагаат во намалување на пренесувањето на коронавирусот и можно е и во летниот период да има потреба од некакви рестрикции, најави денес министерот за здравство Венко Филипче. Комисијата за здравство ги подготвува протоколите кои ќе треба да ги почитуваат сите компании и институции откако ќе се намалат рестриктивните мерки, а истовремено се подготвува за нов пик на вирусот наесен. Министерот Филипче вели дека вториот пик ќе дочекаме подготвени поради досегашното искуство со коронавирусот.

„Во меѓувреме будно ќе следиме дали при олабавување на мерките можеби ќе има некакво зголемување на бројот на пациенти. Тоа ќе значи дека дури и во летните месеци некаква рестрикција ќе треба да се воведе, засега не знаеме, останува само да ги следиме бројките, да направиме анализи и да видиме дали некои други фактори влијаат на ширење на вирусот“, рече министерот Филипче.

Во следниот период извесно е и отворањето на границите, а попладнево министерот Филипче рече дека премиерот на Грција ќе соопшти како ќе работат нивните хотелски капацитети. Се чекаат и насоки од Светската здравствена организација за начинот на кој ќе се патува летово.

„ Ќе се отворат граници, ќе има патувања меѓутоа прилично сум сигурен дека СЗО ќе има некакви мерки. Јас мислам дека ниту патувањето ќе биде исто ниту густина по превозните средства ќе биде иста“, рече министерот Филипче.
Тој потсети дека Македонија е дел од вкупно 60 земји во светот кои вовеле рестриктивни мерки поради коронавирусот и успеале да го држат под контрола бројот на пациенти. Со носењето маски и со соодветна организација министерот смета дека потенцијалниот следен пик ќе биде поблаг.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Зошто не ги прифаќате мерките на СДСМ коишто навистина ќе дадат ефект?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Владата ја држи земјата во изолација, а граѓаните во сиромаштија

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Филипче: Цените растат, а наместо мерки – Мицкоски им се потсмева на граѓаните

А1он