Филипче: Позади кредитот од шест милијарди евра се крие антологиски грабеж

Од:

„Позади кредитот од 6 милијарди евра се крие антологиски грабеж“, предупреди претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од средба со граѓаните во Штип.

Филипче ги разобличи нетранспарентните и штетни политики на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

„Вчера го потпишале договорот, а веднаш потоа се сретнале со фирмите кои ќе бидат изведувачи. Каков тендер, каков Закон за јавни набавки – сè е тоа една голема лага!“, истакна Филипче.

Претседателот на СДСМ предупреди на огромните последици од ваквиот потег:
„Должнички оков врз следните генерации коваат без око да им трепне. Секое дете што ќе се роди следните 25 години, на самиот ден на раѓање ќе биде задолжено со 6.000 евра! Тоа нашата земја, нашиот народ не може да го издржи. “

Филипче ја посочи и тешката реалност со која се соочуваат граѓаните секој ден.

„Штипјани веќе ја чувствуваат тежината од лошите политики на Владата на ВМРО-ДПМНЕ – животниот стандард е на дното, платите стагнираат, младите си заминуваат. Вистината за бездната во којашто ја туркаат државата допрва ќе излегува на виделина.“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во Штип.

Би можело да ве интересира

Уставниот суд од 4 март почнува со седници во живо пред граѓаните

​Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска го доби првиот македонски етимолошки речник од авторот Цветановски

Воздушниот простор над Израел затворен за цивилни летови, МНР и Амбасадата во Тел Авив апелираат до македонските државјани да ги следат информациите и да ги контактираат за помош

Предраг Петровиќ

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

Горан Наумовски