Филипче не поднесува оставка, ќе размислел откако ќе завршела истрагата

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска за првпат даде изјава по пожарот кој вчера во 21 часот избувна во тетовската модуларна болница, каде загинаа 14 луѓе.

Тој изрази сочувство до семејствата, ја повика јавноста да не се шират дезинформации и изјави дека модуларните болници биле градени по современи стандарди. Во однос на негова евентуална оставка, министерот за здравство изјави:

„Од одговорност не бегам, но ќе инсистирам и ќе чекам да заврши истрагата. Со оглед на тоа дека има потреба од менаџирање на дел од пациентите, завршување на обдукционите наоди и слично, по завршување на истрагата ќе ја донесам одлуката дали ќе поднесам оставка“, изјави Филипче.

Во однос на прашањето дали болницата што изгоре имала сертификати и систем за детекција за пожар Филипче не даде конкретен одговор како и дали имало придружби на болните од Ковид-19.

„Во однос на менаџирањето со болницата, во делот на системот на гасење на пожари, ќе почекаме да видиме штп произлезе како резултат од истрагата. Како и колку придружници биле во Ковид болницата, најпрво ќе направиме анализа која ќе почне од утре од страна на ДСЗИ. Засега знаеме дека двајца луѓе биле во посета“, рече Филипче.

На прашањето дали чувствува морална одговорност, тој изјави:

„Со тие одлуки навистина треба човек да живее и јас ќе чекам да заврши истрагата. Не бегам од моралниот момент, сепак треба да видиме дали тоа ќе се дефинира како точка на одгоиворност на целокупниот менаџмент“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Владата ја држи земјата во изолација, а граѓаните во сиромаштија

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Филипче: Цените растат, а наместо мерки – Мицкоски им се потсмева на граѓаните

А1он

Филипче: СДСМ ќе одржи Конгрес на 7 јуни