Филипче: Парите на граѓаните мора да служат за јавниот интерес, а не за привилегии и лични уживања на власта

Од:

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче денеска на Конвенцијата за промоција на кандидатите за градоначалници и советници, оцени дека државата „живее под последиците на апсолутна власт“ која работи за себе, а граѓаните ги става на последно место. Повика на обединување за, како што рече, да се одбрани „заедничкиот дом“ и да се врати достоинството на народот.

-Ние денес живееме во држава и општество кои се жртви на прераната изгубеност на една апсолутна власт, рече Филипче, опишувајќи ја актуелната власт како „неспособна, расипничка, нечесна и неискрена“ кон луѓето што ѝ го довериле мандатот, а истовремено „арогантна, дистанцирана од народот и лажно самоуверена“, истакна Филипче.

Според него, периодот е доволно долг за реална оценка.

-Помина речиси година и пол откако ВМРО-ДПМНЕ има целосна централна власт и четири години откако имаат мнозинска локална власт. Ова е доволно време граѓаните да видат со кого си имаат работа. Наместо резултати, рече тој, „власта продолжи со старите политики на лажен ПР, напади врз опозицијата, партизација на институциите и нејасна стратегија за тоа каде ја водат државата и граѓаните, рече Филипче.

Вo обраќањето Филипче порача дека одговорот на СДСМ ќе биде решителен и обединет.

-Наша должност е да ја запреме разулавената власт. Наша должност е да се обединиме и да го спречиме рушењето на нашиот заеднички дом и на сето она што сме го постигнале, рече Филипче.

Лидерот на СДСМ најави јасен отпор кон авторитарни тенденции, злоупотреби и партизирање на институциите.

-Денеска сме тука за да го вратиме достоинството на народот, да ја заштитиме државата од опасноста да стане партиска сопственост и да се спротивставиме на оние што работат само за себе, рече Филипче.

Во обраќањето беа посочени и последиците по стандардот на граѓаните, со порака дека СДСМ ќе се спротивстави на „лажниот патриотизам што служи за манипулација“ и на секоја форма на режим што носи „темнина, застој и угнетување“.

Претседателот на СДСМ нагласи дека парите на граѓаните мора да служат за јавниот интерес, а не за привилегии и лични уживања на власта.

-Да се спротивставиме на оние кои работат само за себе, кои бесрамно ги трошат парите на граѓаните за свои уживања, а на граѓаните им фрлаат трошки,“ изјави Филипче, оценувајќи дека „оваа држава не видела власт која толку многу лаже, а толку малку испорачува резултати“.

Тој додаде дека лажниот патриотизам се користи како алатка за манипулација, додека реалните проблеми на луѓето остануваат нерешени.

-Ќе ѝ се спротивставиме на секоја форма на самоволие и на заканата Македонија повторно да биде ставена под контрола на партиски режим кој носи темнина, застој и угнетување, рече претседателот на СДСМ, повикувајќи на обединување околу јасна агенда за демократија, правда, ред и подобра економија со стандарди за достоинствен живот согласно европските вредности, истакна претседателот на СДСМ.

Филипче нагласи дека единството треба да се гради преку одговорност и грижа за секојдневните предизвици на граѓаните.

-Обединувањето доаѓа од одговорноста да се бориме против дивеењето на цените, против запрениот раст на платите и против претворањето на институциите во партиски канцеларии, рече Филипче.

Во обраќањето Филипче го истакна фокусот на СДСМ кон луѓето – работниците, младите, пензионерите и сите заедници без исклучок.

-Да го свртиме вниманието кон граѓаните и да подадеме рака секому, водени од грижата, солидарноста, правдата, слободата и еднаквоста, порача Филипче.

Би можело да ве интересира

Андоновска: СДС нема иднина се додека Филипче е на чело на партијата

А1он

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на Стоилев?

А1он

СДСМ: Скопје се гушеше во ѓубре со месеци само за Орце да прави ПР трикови

А1он

Почна големата акција „72 часа чисто Скопје“

Предраг Петровиќ

Забрана за користење на водата за пиење во Берово поради зголемено присуство на манган

Попладнево се вршат претреси на повеќе локации поради сомнежи за корупција

Предраг Петровиќ