Филипче: Овој бран на коронавирусот не е ист како претходниот, сега сме поподготвени

Од:

„Состојбата на здравствениот систем, капацитетите на згрижување, нискиот број заразени здравствени работници, познатите кластери и сите други индикатори укажуваат дека точно знаеме што се случува и дека имаме капацитет да се справиме со овој бран на болеста“, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Тој вели дека овој нов бран на новозаболени од Ковид-19 има суштинска разлика со првиот бран.

„Тогаш не знаевме што можеме да очекуваме и колку може да се прошири, сега имаме знаење, ресурси и надграден здравствен систем, така што можеме да се носиме со овој бран“, вели министерот за здравство.

Тој уште еднаш повика да се почитуваат протоколите и го повикува надлежните да санкционираат таму каде што има прекршувања.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Зошто не ги прифаќате мерките на СДСМ коишто навистина ќе дадат ефект?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Владата ја држи земјата во изолација, а граѓаните во сиромаштија

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Филипче: Цените растат, а наместо мерки – Мицкоски им се потсмева на граѓаните

А1он