Филипче: Оксиморон е со партиски протести Мицкоски да се бори против наводно партизирано судство

Од:

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција рече дека најавите на премиерот дека со партиски протести наводно ќе се бори против партизираното судство се оксиморон и доказ дека целта е само партизација односно ставање на судството под капа на власта.

-Заканите на премиерот дека ќе се случел народ на судството е порака дека тој признава судство само по своја мерка и дека не сака ниту подобро, ниту пак независно судството. На некој начин таа изјава е оксиморон односно со партиски протести ќе се борат против наводно партизирано судство и нема поголем доказ крајната цел е само партизација. Наместо да се спроведат вистински реформи коишто сега за прв пат после толку години се на маса ќе се протестирало, тоа е апсурд и политика без преседан. И доколку се случат такви пртисоци врз целокупниот правосуден систем, верувајте довербата од 2% ќе се намали на нула во следниот период, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ потсети дека судството со години е слабо поради корупција, бавни постапки и политички влијанија. Тој нагласи дека ниту една влада во изминатите 30 години не направила доволно за вистински реформи во правосудството, но дека сега за првпат реформите се на маса.

-Апелирам Владата да престане со партиските притисоци врз правосудството и синдикатите и конечно да тргнеме по патот на вистинските реформи, заклучи Филипче, нагласувајќи дека СДСМ ќе ја даде целосната поддршка за усвојување на сите закони од Реформската агенда во Парламентот.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Димитриевски од Струмица: Помина времето кога политичарите испраќаа пораки од скапи јахти

Предраг Петровиќ

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

Мицкоски: Средствата позајмени од МНАВ, МЕПСО и Лотарија ќе се користат за отплата на кредит

Предраг Петровиќ