Филипче од Ѓорче Петров: Коки е човек од народот, направи повеќе за Ѓорче од актуелниот градоначалник на ДПМНЕ

Од:

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, од граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ во Ѓорче Петров испрати порака дека во Ѓорче луѓето препознаваат кој е работник, а кој манипулатор и кој вистински ја сака општината, а кој е дојден за функција.

„Ѓорчевци се посебни луѓе, луѓе кои ценат труд, работа и искрена грижа за општината. Прво, сакам да кажам нешто за Костадин Ацевски, за Коки. Го следам Коки како работи во кампањата, но го следев и како работеше во сите изминати години за општината. Па, човекот и нашите партиски другари кои се без функција во општината имаат повеќе сработено од градоначалникот. Имаат повеќе искосено, повеќе клупи поправено, повеќе корпи за отпадоци поставено отколку ВМРО-ДПМНЕ и нивниот неспособен градоначалник. За овие луѓе не требаат зборови и ветувања, доволно е да ги видите нивните дела и знаете дека се вистинскиот избор. Тие веќе докажаа како знаат да работат, колку ја сакаат општината и граѓаните и каква граѓанска одговорност имаат“, рече Филипче.

Притоа, тој потсети на проектите кои Владата на СДСМ ги реализираше во Ѓорче Петров, а тоа се: нова детска градинка во Волково, модернизирање на системот за јавно осветлување, уредување на зелената срцевина на Ѓорче корзото, новиот изглед на улиците во Ѓорче, Волково, Кисела Јабука, Александрија, Орман и Кучково за овој континуитет после четири годишниот застој Филипче побара масовна поддршка од Ѓорче Петров.

„Сега е потребна борба. Има уште седум дена до изборниот молк. Седум дена во кои барам секој еден од вас да го вложи секој атом енергија и да ги промовира нашите добри кандидати и политики. На овие избори СДСМ излезе со чесна понуда. Со луѓе кои докажано знаат и умеат, луѓе кои се од народот и ќе работат за народот, луѓе кои нема да се затворат во своите кабинети откако ќе ги изберете. Понудивме луѓе кои секојдневно ќе ги гледате на улиците како го прават Ѓорче подобро и поубаво место за живеење токму како што и сега го прават“, порача Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Би можело да ве интересира

Спречен обид за нелегално тргување со пиротехнички средства – запленети над 40 илјади парчиња петарди и огномети, кривична пријава за едно лице

Предраг Петровиќ

Повеќе од 24 часа во целосен прекин сообраќајот Струга – граничен премин „Ќафасан“

Предраг Петровиќ

СДСМ со прашање до ВМРО: „Дали сте вие нормални?“

ВМРО-ДПМНЕ: Бидејќи СДС викаат дека Филипче не е во Дубаи, да ги прашаме дали изиграва елита со Заев по луксузните алпски зимски центри Сент Мориц и Гармиш-Партенкирхен

Горан Наумовски

СДСМ: Кога ќе ја објавите фотографијата од Дубаи, лажговци?

СДСМ: Последната фаза од кампањата на ВМРО – Репресија и политички прогон

Горан Наумовски