Филипче: Новозаболените од Скопје се од 41 кластери, од семејни собири кон крајот на мај

Од:

„Непочитувањето на мерките нè доведе до овој бран“, вели министерот за здравство, Венко Филипче, а во однос на зголемувањето на бројот на заболени од коронавирусот во земјава.

Тој тврди дека деталната анализа на Комисијата за заразни болести покажала дека 65 проценти од активните заболени се поврзани со веќе познат случај, а од нив, 90 проценти од Скопје спаѓаат во 41 кластер.

Најголемиот број од новодијагностицираните, покажала анализата, се заболени во периодот од 23, 24 и 25 мај, за време на семејни собири.

Слична е ситуацијата и во другите градови каде што има поголем број заболени, а како резултат на семејни собири биле заболени и лицата од другите општини во Скопје каде што претходно бројката беше ниска.

Комисијата за заразни болести, вели Филипче, ќе предложи до Владата да се дискутира за евентуална рестрикција на движењето.

„Непочитувањето на мерките го донесе овој втор бран. Првиот бран го амортизиравме. Во даден момент, оние кои не ги почитуваа мерките за заштита, го загрозија и сопственото и колективното здравје“, рече тој.

Тој вели дека во последниов период се врши масовно тестирање на контактите на веќе дијагностицираните заболени и зголемената бројка на заболени од Ковид-19, очекувано се должи на тоа.

„Со оваа стратегија ги изолиравме контактите на заболените. Полицискиот час за време на викендот овозможи и многу побрзо тестирање“, вели министерот за здравство.

Тој повтори дека огромен процент од новодијагностицираните се со лесна клиничка слика или се асимптоматски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Зошто не ги прифаќате мерките на СДСМ коишто навистина ќе дадат ефект?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Владата ја држи земјата во изолација, а граѓаните во сиромаштија

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Филипче: Цените растат, а наместо мерки – Мицкоски им се потсмева на граѓаните

А1он